15 Ноември, 2009
|
постирано од
Brsjakot
|
323 пати прочитано
Низ албумот постојат голем број сјајни делови. Проблемот е што тие сјајни делови паѓаат под сенка од огромните количини на делови кои рангираат од едвај-добри до чист просек. И многу, многу лигави моменти.
28 Септември, 2009
|
постирано од
Sazdo
|
536 пати прочитано
Black Gives Way to Blue не е најдоброто издание на Alice in Chains, Dirt никогаш нема да ја загуби таа титула, но е материјал што дува силен ветер во едрата на една од најбитните групи на 90-тите.
28 Септември, 2009
|
постирано од
Sazdo
|
405 пати прочитано
За разлика од претходникот, In the Absence of Truth, што дури и премногу се доближи до пост-рок-бреговите на Mogwai, Wavering Radiant е типично ајзисовски албум – слаџерски во тежината и егзекуцијата, а мелодичен во пакувањето.
24 Септември, 2009
|
постирано од
Sazdo
|
399 пати прочитано
Ако Threads of Life имаше комични пауер-балади и слаби авторски идеи, Retribution се држи до тоа што бендот најдобро го знае – инстинктивно да развалува на инструментите. Експерименти нема, веројатно составот ги остави зад себе, но во случајот на албумов, тоа е комплимент.
19 Септември, 2009
|
постирано од
Daftie
|
561 пати прочитано
Претстава за уникатноста, или лично самата уникатност на македонската сцена.
09 Септември, 2009
|
постирано од
Brsjakot
|
446 пати прочитано
По заминувањето на Јари и по Victory Songs, многу тврдокорни фанови на Ensiferum развија голема доза на скептицизам за следното издание на финскиот фолк метал состав. И додека Јари се заебава, Ensiferum работеле вредно за пред нас да стои From Afar, нивниот четврти албум.
25 Август, 2009
|
постирано од
Nergala
|
490 пати прочитано
Албумов е опишан од самиот бенд како „најдинамичната работа во нивната историја со застрашувачко студенило во истиот, осуден да создаде далечина од се и сешто“. Renkse објаснува: „Далечина неопходна за патување низ коридорите на човечкиот бес. Ако го засакате албумов мора да знаете дека само ќе ви помогне во зголемувањето на студенилото помеѓу нас. Животот е нечесен. Ова е албум за тоа“.
03 Август, 2009
|
постирано од
Vengeance
|
472 пати прочитано
Night Of The Stormrider е вториот албум на Iced Earth издаден во 1992 година. На местото на Gene Adam стапил John Greely кој е доста јак вокал и баш се вклопува во песните на овој албум
01 Август, 2009
|
постирано од
dystopic
|
415 пати прочитано
На бранот реоформувања на се што е поим општо за екстремна музика не останаа имуни ни бендови кои своевремено имале интегритет и знаеле кога да кажат не и да се пензиониараат.
01 Август, 2009
|
постирано од
Черный Ворон
|
420 пати прочитано
Кога немаш при рака Spirit buff, With Oden On Our Side ќе заврши работа.