Откажан концертот на (the fake) Negură Bunget
Со тешко срце одлучивме да го откажеме концертот на Negură Bunget кој требаше да се одржи за едно десетина дена. Причини има еден куп, повеќето беа оние покрај кои можевме и да поминеме (финансиските), но најбитниот проблем беше искреноста на бендот. Кога го договаравме концертот ми беше чудно што бендот е активен бидејќи се сеќавам дека пред некоја година решија да прекинат со творење и долго време на metal archives статусот им беше ‘split-up’. Грешката што ја направив е што не проверив што се случува со бендот, мислев дека е класично обединување на бендот за турнеја, зачестена појава во последно време. Но сепак, приказната испадна дека била сосем друга. Членовите на бендот се договориле да го закопаат и да продолжат сите по својот пат, арно ама тапанарот Negru решил да формира сосем нов бенд и да си го превземе името Negura Bunget. Тоа значи дека бендот што требаше да го гледаме на 1ви Февруари немаше да биде вистинскиот бенд, туку некој сосем друг бенд со исто име.
Последниве години ми стана ептен битно што добивам за моите пари, а во случајов не го добивавме тоа што се договоривме да го платиме. Затоа решивме да го откажеме концертот. Има многу подобри и поискрени бендови кои можеме да ги доведеме годинава.
Членовите на организацијата се благодарни за подршката и разбирањето.


12 Коментари
Се дешава….
:)
@TiamaT, мош немаше да свират стари работи,којзнае.. али Ќе СВИРЕА НЕШТО, тоа е сепак поарно од ништо. и ќе свиреа black metal секако така да.. значи у понeделник, 1ви нема блек метал за мене,освен ако не си пуштам на pc :).. negura шо не дојдоа не дојдоа, туку испадна новиот на Orphaned Land тоа е сигурно :)
Ангел, ако би идел на концертот само ради името…и шо знаеш, можеби воопшто нема стари ствари да свират. Можеби на турнејава ќе промовираат нов материал. А ако не разбра убаво-луѓето ќе организираат друг концерт. Така да…
Ahahaha, trebashe da dojdat be… Negura Bunget, Pet Shop Boys, Seka Aeksikj isti mi ti kur… Ali, vazhno, zhena mu na Dio se vika Vendi… =)) avet, poshtuem :) (the fake) Negura Bunget ahahhaha… ne ste tachni znachi EJ! :)
ај у пм, а знаев од поодамна дека Hupogrammos, Sol’Faur основачите на бендо си отидоа, али си вакав ај каква и да е поставата сеа ќе го свират ОМ и сите ке си идеме задоволни, и на крај краева па и не ми толку битно дали се сменети целосно членовите или не, сакав да идам на концерт на еден стварно добар бенд шо ипак се вика Negura Bunget,каква и да е поставата. али вие си знаете, штета за концертот. изгледа у догледно време ќе нема ништо по така квалитетно, па негура беше единственото нешто..
Ако не го откажат и тука ради слични причини :D
Претпоставувам дека ги свират старите работи но податоците дека сега имаат сајзерист(ка) во бендот (нешто што никогаш немале) и дека промовираат нов материјал за 2010-та ми говорат дека ќе има промена во звукот. Сепак оди, баш ќе ни кажеш дали нашата одлука била комплетно ретардирана или на место. :)
А има разлика во стилот/музиката што ја свират новите Negură Bunget и што ја свиреле старите или можеби ќе свират стари ствари на турнејата? Моментално сум онака ептен збунета и без коментар. Тука е исто така најавен нивен концерт и после прочитаново искрено се размишљам дали да одам или не…јез да има време до тогаш.
Lajna! :(
Јас чув дека Ленон ќе правел кавер бенд со Шулдинер, Еуронимус и Квортон. Инаку, за дешавкава имам да кажам само: LOL WUT?
Пробајте со Битлси, слушнав Ленон се вратил. =)
Ја дури сега гледам дека повеќето членови се во бендот од 2009…
Паметно си направил.