(Не)работнички дневник #001: Оценување на албуми
Денес е топло, накај 35 степени. Иако во Лептокарија е потивко, монотоноста ја разбива по некој сељак моторџија кој мисли дека е многу заебан ако помине со 200 на саат по партизанска. И додека во мислите го гледам моторџијата како се спукува некаде и делови од моторот и неговото тело летаат на сите страни… ми текнуе дека треба да го напишам блогов за да ги запознаам членовите на сајтов за последните измени.
Првата измена е новото правило за оценување кое вели дека не можете да ставите оценки 1,2, 9 или 10 без да напишете рецензија или пресуда. Можеби на некому правилото ќе изгледа престрого но поаѓаме од тоа дека ако нешто сакаш да пофалиш или исплукаш треба да кажеш зошто и како. Правилото е експериментално и е подложно на измена во иднина, ќе видиме како ќе биде прифатено наредниве месеци.
Следната измена е додавањето на известувања за оценките што ги даваат оние што ги следите. Овој прегледник се наоѓа во „Мојот БК“ и ги содржи последните 20 оценувања направени од ваша страна или од оние што ги следите.

Промени има и на страната на профилите на членовите. Последните неколку оценки се додадени и можат да се видат најдоле на страната каде што со кликање на ‘повеќе’ добивате нова страна со детален преглед за сите оценки со листа на албуми на кои се дадени оценките. На оваа страна во горниот дел има и мала статистика за бројот и просекот. Ова е некоја почетна „плукни залепи“ фаза на оваа опција и со време ќе додаваме поинтересни и побитни статистики.

Исто да потсетам на претходното правило за оценување. Имено, за да не се претерува со високи/ниски оценки, пошто реално да зборуваме ретки се ептен добрите и ептен лошите албуми, ставени се лимити на бројот на оценките. Лимитите се овие:
- 10% од оценките можат да бидат 1 или 10
- 20% од оценките можат да бидат 2 или 9
- 30% од оценките можат да бидат 3 или 8
Со 4 до 7 може да оценувате колку што сакате.
Инаку во “Мојот БК” може да видите како ви се процентите на оценување, прегледот е малку спартански ама сепак доволно прегледен (сега за сега).

Тоа е тоа, ако сакате поинтересни податоци а и со тоа поинтересен и поинформативен сајт, оценувајте албуми почесто.


10 Comments
И би рецензија/пресуда за секоја оценка.
Јас мислам дека треба да има рецензија/пресуда за секоја оценка.
На imdb.com се ставаат десетки и кецови за да се влијае подрастично на финалната оценка. Една од целите на ескперименталново оценување е да се избегне нешто такво. Нормално, ако се покаже дека не го бива ќе го тргнеме.
На imdb.com не ми бараа рецензија да напишам за RocknRolla, а му ставив оцена 9 ;) Инаку, Hatebreed – For The Lions го оценив со 8, пошто не ми се пишуваше пресуда или рецензија, а сакав 9 да му ставам (вакви случаи ќе има еден куп). Нема совршен систем за оценување, иако ова со процентите е горе-доле добро. Али за со 9 или 10 да оцениш албум и да треба да пишуваш рецензија за него… многу лошо.
Админите нека ги сватат строго…а некој коментира како што не треба, едноставно бан и готово
Абе што им даваш да коментираат, сечи тоа у корен све…
Ја си коментирав више :)))))
само админиве да не се педерчат да не ги бришат .
Yippi yey! Коментари :)
Сефте тест