Нов изглед и други работи
Многумина прокоментираа „си го зацрнил сајтот Пецо“ кога го видоа новиот изглед на сајтот. Не беше поентата да се влегува во класичното метал клише „метал сајт МОРА да биде црн“, туку во последно време ме привлекуваат темни дизајни а и поголем предизвик се за измачување на дизајнерот. Инаку целата (одлична) работа ја заврши Димса (Detrimental) кој го работеше и оној дизајнот со зомбијата од Мкметал.
Од новините што ги носи новата инкарнација на БК, би ги спомнал приватните пораки, профилите, следењето на другите членови, коментарите (ќе ги активирам викендов). За сите овие работи ќе биде кажано по нешто во следните блог постови (ќе гледам да ги пишувам почесто) а во овој ќе спомнам само нешто за следењето и оценувањето на албумите.
Ако некогаш имате видено како функционира Twitter (http://twitter.com) најверојатно ви е јасно како функционира следењето на други членови. Ако немате, идејата е едноставна, избирате луѓе кои ќе ги следите и добивате известување за нивните активности. Ќе нагласам дека следењето е различно од Ретардбук (http://facebook.com) каде што пријателствата се потврдуваат и така сте приморани да читате идиотизми на луѓе што не ве интересираат ама ете од некоја глупава причина (читај, гледање приватни слики) мора да ви бидат во пријатели. Следењето на членови е исто така бидно поради приватните пораки, ако некој не ве следи не можете да му пишете приватна порака. Целта е да се избегне замарање со досадни луѓе. На мкметал имаше 140,000 кога прекина со работа, 80% од тие беа спамирање, навреди, глупави препукувања и љубовни изливи. Не ни треба ништо од тоа.
Втората работа која во моментов ја сметам за битна е оценувањето. Имено за да се избегне нереалното оценување т.е. лупањето 10-ки и кецови за да се зголеми/намали просек на некој албум, решивме да ставиме лимити на тоа колкав обем на оценки може да се даде на албумите. Значи. отприлика тоа изгледа вака
- 1 или 10 – 10%
- 2 или 9 – 20%
- 3 или 8 – 30%
Ова во превод значи дека може да ставите 1 или 10 на само 10%, 2 или 9 на 20% и 3 или 8 на 30% од вкупно оценетите албуми. Идејата ни беше дека вака ќе се стимулира оценувањето а сепак ќе се држат пореални оценките. Методот е експериментален и никој не гарантира дека ќе биде успешен, арно ама ништо не губиме како сајт ако пробаме.
За секоја нова работа на сајтов ќе пишувам посебен пост на блогов кој ќе биде наречен како „Девелоперски дневник“ или такво некое слично идиотско име. Ќе се обидам секоја недела да пишувам ваков дневник чисто за да се има информација за измени и дополнувања.
Толку за овој, се читаме во наредниот блог на кој се надевам ќе можете и да коментирате.


3 Коментари
Ијааа блицкригах! =)
Hell yeah, коментари! =)
Keep up the good work mate!