10.11.09 W.A.S.P. СКЦ Beast of Babylon Tour 2009
14 Ноември, 2009
|
постирано од
Zevs
|
289 пати прочитано
Како и вообичаено така и овој пат рок експедицијата овој пат под име W.A.S.P. започна од градот на музиката односно градот на првото пијано на балканот. Па за џабе не е град на музиката Битола и овој пат беа најброни музичките рок сладокусци од нашиот град во оваа експедиција која броеше шест члена од петнаесете меѓу кои тројца војводи од Кичево како и троца од Охрид и Скопје . Честа од понежниот пол од страна на металните даме ја бранеа дури три меѓу кои се разбира и наша битолчанка. Овој пат се самоорганизиравме бидејки не имаше во таков број што ги задоволува критериумите за користење на комбе. И така не фати поевтино бидеј се сподели трошокот на повеќемина . Иако мора да напоменам дека предходно беа веќе шеснаесет меѓу кои немаше место за мене бидејки беше пополнет бројот , но во последниот момент се одкажаа двајца скопјкани кои се уплашија од свинскиот грипот и го одкажаа присуството па немораше сам да одам и се придружив на екипата. Се надевам искено се каат и зажалија, бидејки не се свесни што пропуштија оние кои откажаа. А за грипот го имал од секогаш и ќе го има и какви сакаат имиња нека му додаваат утре и магарешки грип ќе извадат. А стравот на човекот од секогаш сум велел дека е најголем непријател, а воедно во тоа помогнаа и медиумите во ширење и сеење на смртната порака од овој т.н.р. свински грип, само се прашувам што се случи со птичиот грип каде е сега и што е следно и што ќе излезе од лабораториите од овој човечки расипан мозок. Ве трујат па потоа ви продаваат антиотров. А кога ќе се разуми човекот? Се повеќе што се спознава, се повеќе се уништува. Имало катаклизлизми и апокалипси и ќе ги има, ама пак некој ќе куртули и за идните цивилизации да ги уништи. Па видете го само времето од Битола тргнавме со пороен есенски дож, а во Београд не дочека студена зимска ноќ за кога повторно да се вратиме да не пречека прекрасен топол пролетен ден. Ах со тие еколошки катастрови и со тоа глобално затоплување што му направи чочето на земјата МАЈКА. Ете кој е виновникот како и за се се разбира. Како и да е сите тоа го знаат, но не сакаат да си го признаат , а воедно и овој албум кој беше промовиран на оваа турнеја од W.A.S.P. ја има таа тематика против човекот кој ја злоупотребува политиката и религијаата под името Babylon.
Како прво се упативме на местото на злосторот каде што треба да се одвива, кон салата на Студенскиот Културен Центар прво што направив му помогнав да го пронајде објектот шоферот бидејки неможеше да се снајде и не знаеше каде се наоѓа тој, а потоа ги поштедив сите присутни во комбето од по две евре за билети бидејки огранизаторите ни излегоа во пресрет и ни ги наплатија по стара цена по онаа кога и беа резервирани, а не од денот на концертот, значи уште едно добро второ дело и трето на еден од вовјводите од Кичевево кој беше побрз го повикав за да оствариме блиска средба со виновникот што егзистира сиве овие дваесетиседум години беднов кој вечерва треба да настапува човекот Steven Duren со уметничко име познат на сите Blackie Lawless кој воедно е вокалист, гитарис , а некогаш басист и сајзерист и текстописец и продукцент и …. воедно кој својата кариера ја започна во New York Dolls за покасно да биде и во Sister и London. А организаторите ми велеа нема шанса да се доближиш до него иако имаш акредитација бидејки барав интервју со него. Но ете и овој пат ми се насмевна среќата и не само тоа него и си муабетевме дури и му кажав дека сум од Македонија кој со воодешевување тоа го прифати и кога пристигнаа и други фанови кои и тие сакаа да се сликаат тој тоа не го дозволи и се повлече во просториите од салата. Во еден момен му испадна и дел од неговиот сценски декор која ја става на раката, кожен ракав со пила пластична се разбира, а јас ја подигнав и му ја дадов , а тој ми се заблагодари. Очигледно човекот ги променил манирите не е она диво животно кое медиумите го преставуваа. Blackie Lawless верувале или не стоеше лично пред мене без шминка кој сега има само педесет и три години. А вие имате можност ексклузивно да проследите слика со него без шминка. Но не е само тоа, мојата упорност се исплати како и секогаш така и овој пат се запознав и со тапанерот Mike Dupke член во бендот од 2006 год. некогашен тапанер на Hair of the Dog и Eric Sardinas како и со гитаристот Douglas Blair Lucek – Doug Blair од кого имам и гитарско перце кое сега како трофеј ја краси мојата збирка од реномиран гитарист и басисти во мојот храм на рокот Hard Rock.
Заради мало слободно време помеѓу концертите бендот веќе каснеше и дури кај 17. 00 час пристигнаа. На бината ушта на тонската проба ги видов поставените тапани кои на двата бас тапана го имаше омотот од новиот албум Бабилон поточно тоа се четирите јавачи на Апокалипсата . А во библијата се вели дека кога ќе се запали Бабилон ќе започни катаклизмата и ќе излезат четирите јавачи на апокалипсата , а воедно имааат и таква нумера на ова остварување Babylon’s Burning која и ја изведоа. A четирите јавачи на апокалипсата се гладот, војната, болеста и зависта која воедно го има и во македонската митологија уште многу поодамна кога Зевс на Пандора ( Типично македонско име) и ја дал кутијата како резултат на гнев спрема луѓето и ја знаел нејзината човечка љубопитност и и рекол да не ја отвора кутијата …… Но таа ја отворила ( Воедно нешто слично со рајот каде Ева со забранетото јаболко ….. нешто слично )и на земјата завладеал хаос , војни, глад , болести, сиромаштија .., но сепак на крајот од сожалување на дното на кутијата и ја оставил на човештвото НАДЕШТА ( И тоа типично име во Македонија ден денес Како Нада и ред други имиња, се е од нас мили мои како Вера и Љуба …) Како и да е треба горди да сме и да си признаеме и да се гордееме дека ние сме Македонци и да престаниме да се подценуваме.
Предгрупа немаше , а вратите беа отворени во 19.30 , а концертот започна еден час подоцна. На бината излегоа со интрото Mephisto Waltz, а сетоа тоа беше пропратено со машините за чад со ефекти. Blackie Lawless беше облечен со црна маица на Лос Анџелес Рајдерс со бројот на грбот 75 и ги носеше белите чизми индијански со реси од периодот во времето на албумот Inside The Electric Circus од 1986 год. Блеки инаку по род од мајка си е индијанец , а на двете раце носеше пили како во старите добри времиња, но овој пат тие не беа вистински, него пластични. Бидејки порано носеше вистински и очигледно кога сериозно се повреди на концерт со голем засек на лактото сега се опамети. Што би рекле нашите кога човек ќе се изгори од млекото ќе дува и на маштеницата. А гитаристот Doug Blair на својата гитара на трупот имаше пила кружна која одвреме навреме се вртеше . Интересно мора да напоменам дек Blackie Lawless доста го покриваја останатите и го помагаа со вокалите . А овој пат можеби дека бев најмапред од време на време редко го слушав неговиот вокал. Можеби беше некој технички пропус . Овој пат ги гледам по втор пат, предходно ги гледав пред пет години во Софија каде имаше исто технички проблеми кога матрицата на една нумера му ја пуштија побрзо. Но верувајте овде беше многу подобро во однос на публиката иако помало место и помалку публика. Во првите редови буквално се водеше борба за живот и опстанок. Јас сето тоа го издржав , но многу се одкажаа поготово девојки кои ги имаше во голем број дури и една до мене припадна , на која и помогнав заедно со обезбедувањето да ја ивадиме од публиката каде редовите беа премногу збиени , а оградата ги сечеше и параше градите под притисок од збеснатата толпа.
Откако започнаа направија колаж спојувајки ги On Your Knees и The Real Me за да преминат и цела да ја исвират L.O.V.E. Machine , а публиката е на највисок степен на зовривање, еуфорија ме враќаат во детството во осумдесетичетврта како да сум се вратил назад во времето , а во тоа ми помага и декорот окулу мене многу со такви фризури имаше многу девојки како и момчиња како по имиџ така и со фризурите истапирани , бојадисани со бланш дел прамени на косата па дури и цртани со креони. Па секој трет беше со каубојки верувајтеми и стреч фармерки како и секој втор со кожни пантолони и кожни рокерки – рокабили јакни и дури шиенки големи на грбот како од Кинг Дајмон и слично на елечината фармерски. Ах тие убави години носталгија искрено ме фајка. Ах да можам да го вратам времето, а плус тоа тоа беа времиња на благосостојба без финансиски проблеми и детски денови на безгрижност.
Па на ред е презентирање на новиот албум и тоа со две нумери сепак името на оваа турнеја е Beast of Babylon Tour 2009. Прва ја исвирија онаа со која и го отвораат албумот Crazy па потоа продолжија со најдобрата од Babylon со Babylon’s Burning . Одличен избор исто ако ме прашаа и мене тоа ќе беше мојот избор од новото остварување. А на ред е Wild Child и публиката беснее. Ова навистина се диви деца , а Блеки очигледно уште има кондиција иако му пречи пивското меше кое виси надвор од сцената , а над мојата глава лета мало црно прслуче и паѓа на бината пред гитаристот Doug Blair , а брзо реагира човекот од зад сцената и го собира како и се она што беше фрлано на бината. Повторно на ред е колаж поточно делови на три нумери овој пат споени како една целина и тоа Hellion , I Don’t Need No Doctor и Scream Until You Like It . Па на ред е Arena Of Pleasure каде очигледно е задоволството на Блеки кој вели дека се сеќава од прошлиот пат кога бил тука на Балканот и дека пофторно сме потврдиле дека сме најдобра публика во Европа. Започнув акустично интро и се слуша звукот на моторната пила и веќе е јасно дека е ред за Chainsaw Charlie (Murders In The New Morgue) за да успорат со The Idol . Одличен избор , а уште подобра изведба со The Headless Children . Па на ред е Take Me Up каде Блеки потврди дека тешко се заработуваат парите и тоа со пот кое ни го демонстрира со река од пот која течеше како на гитарата така и од неговите кожни ракави , а на моменти летаа капки и во првите редови како дож , но никој на тоа не му замери .
Анимал постојано ја баравме но не ја исвириа бидејки као и што самиот напомена сега тој е христијанин па дури тоа го манифестираше со прекстување на бината и заблагодарувајки на бога за прекрасната вечер со прекрасните луѓе. Дури и гитаристот се прекрсти и на гушата носеше голем крст кој висеше на индијанската црна кожна блуза испреплетена со врвци. А ги менуваше гитарите бидејки бев буквално на само метро пред него забележав на една од гитарите имаше декор кој со сијалици светеше на трупот од гитарата во вид на витраж, на стакло во разни бои како во оние на католичките катедрали.
Blackie Lawless многу го ценам бидејки поминал низ сито и решето што вели нашиот народ уште како многу млад бил дете на асвалтот и бил во бандите на Њу Јорк и бил прободен со нож на четиринаесет години едвај преживеал, бил во војска за да биде дисциплиран каде со мајорот се степал па потоа одлежал и две години затвор и што уште не` не преживеал . Едноставно кој не го видел пеколот незнае како изгледа рајот. Интересно неговата гитара беше некоја копија на Варлок Би Си Ричи , но невидов нигде таков натпис едноставно нешто пишуваше LCD .
Се ближи крајот според најавата мене ми е јасно кога ја најави Блеки I Wanna Be Somebody . Воедно иако цело време пееше публиката која беше многу погалсна од Блеки на средина има дел кога одат со ритам секцијата басот и тапаните , а Блеки пеа I Wanna, а публикат продолжува со Јас сакам да бидам некој …. Во занес сум се качил на оградата и само некој санитиметар да не ме спречеше обезбедувањето можеби ќе бев и на бината.
На бис излегоа и тоа со прекрасната нумера Heaven’s Hung in Black која беше презентирана со видео спот на огромниот видео бим од војните како од граѓанската војна во С.А.Д. со прецизни бројки за жртвите и слики од Линкол , а имаше и од другите војни со потресни призори со ѕверството во човекот со неговата нехуманост и мисла за разор и уништување и лакомост и жед за крв. Оваа изведба ми остави посебен впечаток имаше прекрасна атмосвера и ова не го очекував добро позитивно изненадување. За да завршат со Blind In Texas со презентација на промотивниот спот кој во позадина постајано одеше со девојките во салунот како и каубојците. Цела сала пееше во еуфорија и сеуште иако презадоволни сите беа жедни за музика и сакаа уште , уште и уште , но тоа беше се за вечерва. И како на самиот почетоток од овој концерт така и на крајот го завршив со уште едно добро дело, еден од србите биејки имаше слободно место го качивме во комбето и го донесовме дваесет километри по пат надвор од Београд . Бидејки моето мото е: “Прави добро не се плаши од лошо!”
Ова е сетлистата од концертот:
00. Mephisto Waltz
01. On Your Knees / The Real Me
02. L.O.V.E. Machine
03. Crazy
04. Babylon’s Burning
05. Wild Child
06. Hellion / I Don’t Need No Doctor / Scream Until You Like It
07. Arena Of Pleasure
08. Chainsaw Charlie (Murders In The New Morgue)
09. The Idol
10. The Headless Children
11. Take Me Up
12. I Wanna Be Somebody
Бис:
13. Heaven’s Hung In Black
14. Blind In Texas
Рокрепортажа: Борисовски Сашо – Зевс