Манифест!
Најпрво, ве молам сите убаво прочитајте, а понатаму што ќе правите во врска со тоа што го кажав е ваше. Овој повик го пишува Борис Ѓервоски (гитарист и вокал на Warnament). Сите информации ќе бидат поткрепени со факти, затоа одиме…
Мислам дека крајно време беше да напишам вакво нешто, зошто само гледам како сцената стои во место, ништо ново, никаков пробив кон надворешната сцена.. Зошто е тоа така? Така е зошто системот на промоција кај нас е многу лош, имено младите, па и некои од постарите бендови воопшто не го знаат или малку го знаат начинот на добивање понуди од издавачки куќи, понуди за интервјуа, рецензии итн.. Можеби малку избрзав… Вака, јас почнав од пред некое време да го ваѓам моето UG списание “Noise Gate”. Содржи интервјуа. Рецензии со млади бендои кои сакаат да се пробијат. Во тој процес на ширење на мојот производ, воедно го ширев и го праќав по пошта на многу други UG списанија сплитот на Warnament со Chaos Creation (за тие што знаат дека имаме извадено). И не зборувам за оние mainstream списанија како “Metal Hammer”, не, зборувам за списанија во црно и бело, со низко квалитет и тираж… Е верувале или не уште се прават такви, и верувале или не многу влијателни луѓе ги читаат. Нашите тенденции за здобивање со не знам каков договор од некојси label се несфатливи. Имено, системот оди вака:
- бендот се нафаќа да извади промо/демо со неколку песни
- од тие извадени (пример) 200 цедиња, половината ГИ ПРАЌА ПО ПОШТА! На UG списанија и помали издавачки куќи
- -по месец/два. Бендот добива неколку понуди за интервју, за сплит издание (од мала издавачка куќа), за рецензирање на нивните песни
- Кога бендот влегува во студио, на истите тие списанија и издавачки куќи праќа флаери дека го снима првиот албум и дека му треба издавачка куќа
- По месец дена бендот ја добива таа понуда да извади некој за него 1000 (пример) копии од албумот на оригинал цедиња…
Само да знаете, и те како по праќањето на 50-100 копии од вашето демо, колку само понуди ќе добиете, а ништо од тоа нема да биде на ваша сметка… Само за нас, до сега имаме од четири издавачки куќи понуда за албум (од кои една поголема), и уште една за ваѓање на нашиот сплит на касета (да, уште постојат касети!)… А сето тоа само за 2 МЕСЕЦИ!!!
Ова е само како едно разбудување… Сите оние што сакаат да продолжат да ваѓаат АЛБУМИ на своја сметка и да успеат да продадат само 100 копии во Македонија слободно, а за сите оние што би го следел овој пример нека ми пишат на мојот mail – noisegatemk@yahoo.com, и ќе има дадам адреси на неколку издавачки куќи и списанија според стилот што го свират… Изборот е ваш, а јас ова го чувствував како одговорност да ви го презентирам, зошто исто и како мене, сакам и вие да добиете интересни понуда и подлабоко да навлезете во светскиот UG. Останете ми поздравени и чекам ваши одговори!

