Летен Метал, Ќежуал Метал
Како еден металец го живее летото? Смее ли металецот да не биде металец преку лето поради опасноста од сончев удар?
Нашата боја е црна! Колку што знам ја уште од копиљ ме имаат учено да не носам црни маици кога цепи сонце многу надвор. Арно ама би што би, станав и јас металец, се носам у црно, алергичен сум на штов со друга боја, што да праам… Заеби…
Стварно не ми е јасно (ама стварно, озбилно) како на нас металците ни е убаво на плажа еве рецимо… Таму нема снег, нема мртви бебиња, нема лобања… И еве има металци што носат апостолки летно време, што е врло неметал, се знае дека мартинка е правиот избор за секоја пригода!
Ваљда у лето се познава металец само по дугата коса и брадата (за тие што имаат брада де, мене не ми дале у градска, што е врло лојално од страна на еден металец. Зашто? Пошто е 35+ целзиусови степени а металецот уште ја носи косата за да се знае кој е, што е!
Од се ова што набројав и кажав доаѓаме до заклучок дека металецот има право на избор за тоа што му е попријатно да облече како и за тоа дали ке чита он лајн фанзин (биде у тек, економичен, бирање на полесниот пат за ширење на веста) или уште ке купуе папир и ке се ака од земја на бендови што сметаат дека сето тоа го кочи светот.
Ме мрзи да се праам паметен па ке кажам директно, металците треба да ги поврзуваат заедничките сваќања а не меѓусебните инаетења!
Ej kej Ej Perserving progressive thoughts makes you conservative.
Инспириран од апдејтот на блицкриг со коментарите.

