Новости

Репортажа: AC/DC го стопија Белиот град

31 Мај, 2009 | постирано од Zevs | 610 пати прочитано

AC/DC Вторник, 26 Koсар 2009
стадион Фк. Партизан, Белград

Во раните утрински часови во четири часот на 26 Koсар 2009 лето господово, експедицијата вообичаено започнува од градот на конзулите. Овојпат бевме пет члена и со автомобил се упативме кон македонсата метропола каде бевме дочекани од нашите сограѓани во голем број, беа претежно студенти и имаше и од останатите делови на нашата татковина. Сите овие стотина ги закрена да се упатат на пат кон нашиот северен сосед во Белград само едно звучно брендирано и познато име кое ни доаѓа од последниот континент Австралија, AC/DC. После долгото патешествие по големи горештини стигнавме во попладневните часови пред стадионот на ФК Партизан. Бидејки сеуште не беа капиите отворени на стадионот (кој требаше да ги отвори за жедните посетители после 18.00 часот) ние ожеднети и огладнети се разладивме во клубот на Делиите. Уживавме во ова прекрасно катче и се радувавме на отстапеното место со огромни постери од нашите Најдовски, Канатларовки и Панчев. Сепак со нетрпение очекувавме да дојде 18 часот за да се упатиме на најпосакуванатa дестинација тој ден, стадионот на Гробарите – лутите ривали на Делиите. Патиштата водеа од секаде кон едно место од сите страни на балканот ги имаше и повеќето беа со иста униформа маички на рок хероиве. Замислете сите нив ги обедини само хард рокот бидејки само тој ја има таа мистичната магија да ги зближува лугето. Хрвати, срби, словенци, бугари, романци, унгарци , македонци … заедно пијат и се дружат, а за сето тоа заслужна е музиката. Имаше и многумина од постарата популација над четириесет, песетина години, но и од сите останати возрасти. Впечаток ми остави и со таа гледка се гордеев кога ќе видев цела фамилија, родителите со своите синови и ќерки заедно со маици на AC/DC, заедно весели и радосни. Е тоа ти е здрава фамилија (кога мислам здрава фамилија мислам на рокерска фамилија). Значи излезете од клишеата и побијтеги лагите и разбудете се нека не ве лажат дека оваа музика е штетна, ова е музика која обединува и по возраст, и по пол и по религија. Како и секогаш така и овој пат се наоѓам на самата прва фронтална линија пред оградата од десната страна од центарот и пред мене се наоѓа огромната мегаломанска бина поставена на северниот дел од стадионот со размер висока 21 метар, а широка само 75 метра и плус огромни видео бимови од двасетина метри а над нив огромни црвени капи со рогови и претознатливото лого од австралиските ветерани AC/DC.

Во 18 и 45 час на сцената излезе првата предгрупа AMAJLIJA од Нови Сад и ја отворија вечерта. Домашните рокери се обидуваа да го привлечат вниманието и да измамат некој аплауз со рефрени кои многу се повторуваа, но некако тешко им одеше. Единствено што ќе се сеќавам на нив е еден рефрен од нивна нумера: „Знаш ме ти, знам те ја. Не буди Досадна…“ И така после досадните изминати мигови вниманието ми беше насочено кон детално разгледување на бината. Поинтересно ми беше да го бројам огромното озвучување. Замислете од двете страни беа наредени точно прецизно во свиткан конус сто и четири звучници од кои еден дел (поточно во осум реда) беа нанижани по единаесет, а останатите поголеми поврзни по четири во четири реда во подолниот дел како од левата страна така и од десната значи двеста и осум. Но не беше тоа се. На огромната триесет метарска бина беа поставени триесетидва монитори колку што успеав да избројам. После дваесетина минути прозевање на поголемиот дел од публиката и долги разговори со запознавање кој од каде дошол само за AC/DC по кратка пауза на бината се појави наслов на огромниот видео бим кој беше на средината на бината со натпис The Answer – The Dеmon’s Days. За мене анонимен бенд но ете можност да ги запознаам со промоција на нивното ново остварување. Самите се преставија и најавија дека се од Белфаст од Северна Ирска (ах, кога спомна тоа СЕВЕРНА, нешто во душата ме штрекна). Добра изведба кординиран сценски настап од околу четиреесет и пет минути добар хард рок. На момент потсетуваа на Led Zeppelin поготово вокалистот кој доста се трудеше да изгледа како Роберт Плант на младите години по изгледот особено по русата бујна коса и вокал. На моменти наликуваа на The Black Crowes кои и всушност и самите некријата дека одат по стапките на Led Zeppelin, а на моменти по рифовите пржеа како AC/DC, а имаше и доста блуз линии во нивните песни кои беа зачинети со хард рок ритам секција. Пеачот не го криеше беспрекорното задовослтво и тоа го манифестираше со тоа што публиката ја тераше да пее по него. Дури и се умилкуваше со тоа што на српски неколку пати и се обрати Хвала Белград и Здраво Белград. Завршија со побавна и потешка нумера со блуз ритам а пеаачот ни демострираше способности и умеење на усна армоника.

Со нетрпение сите едвај чекаа да се појават оние и за кои што дојдоа неуморните австралијани, браќата Young со шкотско потекло. На бината на огромните два видео бима споени во еден огромен на кој за момент ни презентираа одличен синхронизиран цртан филм со прекрасна анимација и тоа беше спектакуларен почеток доста долго ќе го паметиме. Прво ѕвезди, па потоа полна месечина па земјата и железничка пруга што значи и асоцира на најавување и почеток од новото остварување истоимената нумера од новиот албум Rock & Roll Train. На видео бимот синхронизирано со прекрасни звучни ефекти ни беше презентирана перфектна симулација на воз предводен од парна локомотива кој очекуваш дека секој момент се поблиску ќе ти се приближи. А локомотивата парна беше управувана се разбира лично од самиот јунак Angus Young кој при недостиг на ќумур фрлаше во печката, а возот сам без машиновозач продолжуваше. А во вагоните прекрасни, преубави девојки феноменално нацртани со куси здолништа се упатуваат кон локомотивата и што ќе видат нема машиновозач, а се ближи крај на пругата. Панично со последни напори девојките се обидуваат да го сопрат со рачката возот кој се претвора во безобразен полов орган и тие забораваат на се и воодушевени се од големиот размер. И во тој момент на среќа и задоволство, заборавајки на се, следи хаварија возот поточно локомотивата парна буквално излета на сцената пред нас. Пекрасна симулација и анимација поготово звучните ефекти, кочењето и ударот. Адреналинот на сите е кренат, здивот на педесетилјадната публика за момент беше одземен и ефектот посакуван беше постигнат. Буквално осекаш како се приближува возот и за момент пред нас локомотивата и нормално се слушаат првите рифовски звуци на Ангусовата гитара и шоуто започна со Рокенрол Возот. Следува Hell Ain’t A Bad Place To Be, навистина Пеколот не е место за рокерите бидејки тие се прекрасни, поштени, трудољубиви, фамилијарни луге и големи космополити. Brian Johnson своевремено некогашен вокалист на Џорди кој е одлична замена за покојниот Бон Скот продолжи во неговиот камионџиски стил со качкет, фармерчиња и фармерско кошулче со скинати ракави (импровизирајќи елече) продолжи со најголемиот нивни прв хит со него од далечната 1980 год. Back In Black од истоимениот албум. Еуфорија мора да рипате и да не сакате, бидејки толпата е сплотена во едно и координирано се однесува, бранови од еуфорија и мора да се вклопите бидејки ќе ве изгазат . Навистина голема работа и сето тоа му должиме на AC/DC кои повторно го презентираат одличниот нов албум со нова композиција Big Jack за на момент да не потсетат дека се ГОЛЕМИ и креативнаста сеуште ја имаат и не очекуваат да живеат само на стара слава. Не ми се верува на ред е Dirty Deeds (Done Dirt Cheap) снимена во 1976 год. инаку мојата прва лонг плејка поклон од далечната 1978 год. Солзи радосници, се наежив. Стадионот сплотено во еден глас, сите пеат. Продолжуваат од нивнио албум од 1979 год. HIGHWAY TO HELL со Shot Down In Flames. На ред е нивниот мега хит со кој што го започнаа шоуто во 1991 год. на МТК стадионот во Будимпешта кога и прв пат ги гледав во живо со Thunderstruck. Некако како да ја свиреа побавно овој пат или можеби само мене така ми се причинува. Повторно се наврајќаат на промоција на новото остварување со истоимената нумера како и самиот албум Black Ice, а во позадина се редат сите омоти од албуми од самиот почеток па се до денес. Brian Johnson кој е задолжен за кормилото на бендот најавува “one song for dirty woman” и од замор кој се изнатрча без здив меѓу слоговите збивта. Така секогаш ја најавува The Jack. А во меѓувреме на видео биновите покажуваат дел од понежниот пол од публиката и тоа како невкусна шега „Ши гат д Џек“ ( Оние кои знаат што е тоа веќе им е јасно)и се редат прекрасни девојки од сите возрасти со задоволни лица и насмевки поготово поголемиот дел качени на рамењата од појакиот пол. Интересно не случајно режисерот на крајот покажа на видео бимот девојка со натпис на маичката тесна кој од нејзините гради едвај се читаше: Little Bitch. Се спушта огромна камбана со натписот односно логото на бендот и се слуша ударот од камбана која и интро на нумерата Hells Bells, а Брајан со засил затрчан од шеснаесетерецот како единаесетерец да изведува од белата точка и во скок се наврли на камбаната и се фати за ортомата и виси и удира во неа. Прекрасен настап, но овде инмаше и светлосни ефекти одлични, а камбаната постојано ја пратеше огрмен рефлектор која зад сцната фрлаше огромна сенка. Следува една од моите омилени која одамна ја немам слушано Shoot To Thrill. Па доаѓа до најсветлиот изнанедувачки момен на вечерта за мене. Прекрасна изведба на одлична анимација за мене до сега непозната. Ова не го очекував. Со промовирањето на новиот потенцијален хит од новиот албум War Machine следеше на видео бимовите на самиот почеток авион со рогови нормално пилотот беше лично самиот Angus Young кој наместо бомби пушташе гитари, а еден момен почна наместо бомби да пушта девојки прекрасни илјадниуци во голем број убаво нацртани со куси здолништа со падобрани за да стигнат безбедно до посакуваната очекувана дестинација на земјата упатени очигледно како оружје за забава како и самите гитари симболично наместо уништување со ова сакаат да кажат дека треба на светот да му се нуди забавување. А на земјата Brian Johnson вози тенк се разбира како и авионот со натпис на логото, како и брод воен на море кој го управува останатите членови од бендот. Ова ми остави повеќе од одличен впечаток како и самиот почеток. Неверојатно уште една многу стара нумера од моето детство која ме изненадија не ја очекував искрено Dog Eat Dog од убаво се поубаво. Овој концерт интересно имаше промотивен карактер како и што на самиот старт и започна па повторно нова нумера, четвртата од новото остварување Anything Goes. Не шокираат во позитивна смисла цела вечер, секоја им чест, неуморни се, им се восхитуваме и уживаме во уште една прекрасна нумера You Shook Me All Night Long. На ред е мега хитот кој од самиот почеток на нивната кариера го извадија во две верзии од 1974 како европска верзија така и за австралискиот пазар , нумерата со која и се пробија T.N.T. Е овде Ангус презентираше стриптиз способноссти прво го фрли килтот (школската наметка), па потоа вратоврската црвена, па ја извади белата кошула и ги откри влакната на градите а со ракавот си поигра помеѓу колената. И на крајот ги симна се разбира и кратките пантолони и го покажа својот задник но овој пат покриен со бели боксерки на кои беше напишано логото на бендот со громот. Во Будимпешта кога ги гледав на Бугимен правеше стриптиз и таму боксерките беа со знамето на Унгарија што значи дека и овде очекував да го видам знамето на Србија, но ете и овде ме изненади Ангус. Вистински динамит дури од три страни парната локомотива со црвениот рог која постојано ја красеше бината излегуваа пламен како од предниот дел така и од страничниот и од тркалата, а оџакот постојано чадеше. Брајан најавува ние имаме божица на сцената и во тој момен се дуе дваесет метарска кукла на фарбана плавуша во црвени мрежести хулахопки во кои има амерички долари и со големи гради , огромен црвен градник како две црвени месечини кои сјајат на бината во кој исто така има долари . Божицата со кафеави очи постојано ја јаваше парната локомотива која возбудено постојано чадеше и тоа во ритамот на Whole Lotta Rosie. Па повторно ни се обраќа Брајан нека биде светло и би огромен блесок од огромното осветлување на безбројните светлосни ефекти од бината. Нека биде гитара па би гитарата на Angus Young. Нека биде тапанот па би … Нека биде: Let There Be Rock! И би. Овде Ангус истрча до центарот на теренот се разбира со гитарата кој беше поврзан со бината и тоа со свирење и таму го чекаше платформа која го крена во воздух десетина метри, која како мал ринг со свирење се прпелкаше во него со долго соло. И на крајот од оваа нумера не удостоија со величенствен, гигантски дожд од конфети. И после тоа ја напуштија бината.

Но тоа не беше се. После големата награда од аплаузи и големото громогласно скандирање да се вратат на бината, AC/DC се вратија. Па кој не би се вратил кога го бара четириесет и пет илјадна маса од народ. Ех, ова е доказ што слуша нарадот и што сака да види. Само штета што со вакви културни настани на балканов сме оскудни. Но како и да е, величенствените ветерани повторно се враќаат на бис и тоа спектакуларно. Од средината на бината се отвора отвор како да е тоа деветиот круг од кој како од адот да излегуваат големи пламени јазици кои се спремни да ги проголтаат вистинските грешници, а од нив излегува целиот осветлен во црвена боја со рогови рок херојот и ги свири првите рифови од мегахитот Highway To Hell. А замислете преполниот стадион во тој мрак е осветлен скоро од секој шести посетител со рогови кои можеа да се набават за само 100динари српски односно околу шеесетина денари наши. Одблеснува црвената светлина од главите од роговите на хард рок фановите. На едни им светат постојано, а на некои наизменично прво едниот па потоа другиот рог, а на трети им светат и им се гасат истовремено. Кој да го сценирал ова неможел да го планира и вака феноменално да го осмисли. И за на крај не почестуваат со финалната на кој и најизбирлите сладокусци се задоволени. Немам зборови веќе овој декор сум го видел од 1991 во Унгарија, но овој пат беше повеличествено иако тогаш беа дваесетичетири топа, а овој пат беа напола дванаесет од кои шест на средината огромни на тркала и по три од двете крајни страни на бината. Со плотун невиден завршуваат со победнички славења за уште една голема победа на РОКОТ. Со истоимената нумера од истоимениот албум For Those About To Rock. Еуфорија, несекојдневен спектакл. И крајот уште повеличествен кралевски огномет, искрено ноќта беше претворен во ден. Па ваков огномет сигурен сум дека не видели ни самите Белграѓани ни на новогодишната ноќ. Мора да констатирам дека озвучувањето, осветлувањето, декорацијата и се останато беа беспрекорно префинети и досега најдобро видено од моте очи кои виделе многу вакви субкултурни збиднувана со збирка од над двеста концерти. Иако ги гледам по втор пат и тоа после осумнаесет години ништо од тој концерт не избледело, а камо ли од овај спектакл кој уште долго време ќе го спомнувам со надеж дека некој друг ќе го надмине иако во тоа се сомневам. Замислете иако толку многу возрасни тие истрчаа и издржаа еден маратон посебно вокалистот Брајан и гитаристот вечно младиот Ангус кој иако ја губи косата не ја губи кондицијата и баратањето со величествениот инструмент божји – гитарата. Како да истрчале еден стодваесет минутен финале натпревар на лига на шампионите. Единствена замерка од моја страна е тоа што не се поздравија и не не удостоија со некое гитарско перце или стапчина за тапани за да ја збогатиме нашата збирка. Ги очекував постојано се борев за позиција, но навистина повторно не се појавија и ништо во публиката не фрлија.

Би ви препорачал ако се решите да бидете ловец тогаш тргнете во лов на кралски крупни зверови немој да ловите мушички и бидете сигурни нема да зажалите и се ќе ви се исплати и секој вложен труд и секое патештвение и болка ќе ја заборавите. Болката и онака е неизбежна само среќата е избор. А ние уште многу ќе славиме во чест на Рокот со надеж на некое ново славје со некои следни за брзо рок херои! For those about to rock – we salute you! Ова е актуалната сетлист на AC/DC од последнат турнеја Black Ice која што ја исполнија на 26 косар 2009 господово лето на градскиот стадион ЈНА некогашен, а сега стадионот на Партизан кај нашиот северен сосед во Белград : 01. Rock & Roll Train 02. Hell Ain’t A Bad Place To Be 03. Back In Black 04. Big Jack 05. Dirty Deeds (Done Dirt Cheap) 06. Shot Down In Flames 07. Thunderstruck 08. Black Ice 09. The Jack 10. Hells Bells 11. Shoot To Thrill 12. War Machine 13. Dog Eat Dog 14. Anything Goes 15. You Shook Me All Night Long 16. T.N.T. 17. Whole Lotta Rosie 18. Let There Be Rock Бис: 19. Highway To Hell 20. For Those About To Rock